Реклама

Пет пожари го кренаа Кавадаречко на нозе – огнот под контрола, се очекува целосно гаснење

Двајца Албанци од Македонија на црна листа во Албанија: Тирана се сомнева дека работеле за терористички организации

Водата во Гостивар останува само за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Алфа анкета: ги почитуваат ли граѓаните препораките за топлотниот бран?

Нов сомнителен случај од Западно-нилска треска, на инфективна се уште има пациенти во критична состојба

Пријавени како туристки, а работат како танчерки во ноќни клубови – полицијата откри сомнителна шема за можна трговија со луѓе

Сушата ја тресе Европа: Се гасат нуклеарки, Македонија засега стабилна

Бензинот поевтинува за два денари, дизелот поскапува за денар- и понатаму најниски цени во регионот

Разговори зад затворени врати ДА: Но не смеат да се преминат црвените линии, како што тоа го направија СДСМ и ДУИ, кои прегазија сѐ

Охрид за време на илинденскиот викенд како да се прелеа од туристи

Суша, пожари, војна: И покрај кризата, во Македонија се очекува поевтинување на горивата

Европа гори и пресушува, Македонија ставена во обрач: Унгарија и Србија можат да останат без струја

Прилози

Водата во Гостивар останува само за техничка употреба, контролите ќе се засилат

И покрај екстремното хиперхлорирање на градскиот водовод, водата во Гостивар сe уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај екстремното хиперхлорирање на градскиот водовод, водата во Гостивар сe уште не е безбедна за пиење. Кризниот штаб кој го раководи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека опасната бактерија “Псеудомонас” и понатаму е присутна во водоводната мрежа.Затоа не можат да се добијат трите последователни исправни лабораториски анализи.

Министерот Тошковски најави дека ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на повеќе институции.Тој смирува – граѓаните и понатаму ќе бидат обезбедени со бесплатна флаширана вода.

Анализи на водата да се спроведуваат почесто, односно да се зголеми зачестеноста на мерењата на квалитетот на водата од страна на повеќе надлежни институции.Штом добиеме три последователни анализи што ќе потврдат дека водата е исправна за пиење на сите мерни точки во градот, ќе ги известиме граѓаните дека може безбедно да ја користат и за пиење, а не само како техничка вода, како што е случајот сегаизјави Тошковски.

Реклама

Експертите во однос на бактеријата велат дека нема потреба од паника, проблемот со водоводната мрежа ќе биде решен во најскоро време.

И според инфектологот д-р Вело Марковски нема простор за паника во Гостивар, тој вели дека најлошото веќе е поминато. 

Додека институциите бараат решение, во екот на летните горештини, гостиварци водата можат да ја користат само за бањање, перење и миење садови, додека жедта ќе ја гаснат само со флаширана вода, донирана или купена.