Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицкоски од Ташмаруништа: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со генералниот секретар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со генералниот секретар на партијата Драган Ковачки и со заменик-министерот за правда Ален Деребан положи цвеќе пред спомен-обележјето на хероите од илинденската епопеја во село Ташмаруништа.

– Илинден не е само спомен на славното минато, туку и трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина. Со благодарност кон хероите и со почит кон нивното дело, го продолжуваме патот со одговорност, единство и љубов кон Македонија, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Во објавата, премиерот посочува дека денес им се оддава почит на илинденците и на сите кои со својата жртва ги вградија темелите на македонската државност и слобода.

Реклама

И заменик-министерот за правда со порака да не се заборават сите оние кои го трасирале патот по кој денес чекориме.

– Никогаш да не се заборави дека нашиот пат е трасиран од генерации јунаци кои со крв ја обележале патеката по која чекориме и од која никогаш и за ништо нема да отстапиме ниту педа, се вели во објавата.