Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Мицкоски: Растот на индустријата и намалениот јавен долг се добри вести за граѓаните и успеси за државата

Најнизок државен долг после пандемијата. Премиерот Мицкоски задоволен откако статистиката покажа намалување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најнизок државен долг после пандемијата. Премиерот Мицкоски задоволен откако статистиката покажа намалување на јавниот долг за 20 милиони евра и на државниот долг за 40 милиони евра. Според него, пропаднале во вода тврдењата на опоцизијата за лоши економски политики. Токму статистиката ги демантирала нивните изјави, па ваквите вести ги нарече лоши за опозицијата. Напомена дека токму нивните 7 години на власт, ја довеле Македонија во ваква состојба.

„Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал. Сега сме, посебно кај државниот долг, на ниво кое, би рекол, е најниско по периодот на короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40 милиони евра кај државниот долг и нешто повеќе од 20 милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината“ – вели Мицкоски.

Премиерот најавува продолжување на позитивните економски трендови, откако статистика регистрираше пораст на индустриското производство за 6,5% во јуни. Добри резултати бележи преработувачката индустрија кадешто има зголемување од 7,9%. Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство има зголемувањето на производството во одделите: „производство на други неметални минерални производи“ со раст од 35,6%, „производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 15,9% и  „производство на електрична опрема“ со раст од 3,8 %. Мицкоски вели дека во периодот од април до јуни растот изнесува 4%.

Реклама

Јавниот долг на крајот на јуни изнесува 58,8% од БДП , при што се забележува пад од 0,1п.п. во вториот квартал споредено со првиот. Јавниот долг континуирано се намалува и споредено со крајот на 2024-та, има пад од 2,6 п.п., а од крајот на минатата година е помал за 0,6 п.п. Вкупниот јавен долг е 10,7 милијарди евра. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека во периодот од април до јуни бил исплатен износ од над 300 милиони евра за сервисирање на дел од Еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Поголемиот дел од оваа Еврообврзница беше сервисиран во првиот квартал.