Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Кризна состојба поради зголемена опасност од пожари

Активниот пожар во струшко е потсетник декаризикот од пламените јазици расте заедно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Активниот пожар во струшко е потсетник декаризикот од пламените јазици расте заедно со високите температури. Пожарникарите и натаму интервенираат на терен во струшкиот регион, а токму поради зголемениотризик од нови пожари, Владата превентивно прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на државата, со цел побрза и поефикасна распределба на сите државни ресурси и опрема онаму каде ќе бидат најпотребни во случај на разгорување на огнените стихии.

Во овој момент имаме еден сериозен, тежок за гасење пожар, тоа е пожарот кој што од струшката депонија излезе во блиската вегетација, истиот беше активен вчера во попладневните часови, приквечер беше ставен под делумна контрола, за жал денес повторно им побегна на пожарникарите од контрола, моментално е разгорен и кон него ќе упатиме набргу два ер трактори од Дирекцијата за заштита и спасување. – изјави Стојанче Ангелов, раководител на Главен штаб за кризи

Иако ниедна држава не располага со доволно опрема за справување со летните пожари, што можеше да се види од пожарите кои изминативе денови го зафатија Медитеранот, службите велат дека се подготвени да дадат максимум и да бидат на висина на задачата доколку тоа биде потребно.

Реклама

Да, ние сме подготвени како Влада, сите ресурси кои што ги поседува државата се ставени во функција, но доколку дојде до поголем број на пожари, се разбира дека овие ресурси нема да бидат доволни, но со натчовечки напори и на пилотите и на возачите на противпожарните возила, на пожарникарите, на сите останати кои учествуваат во гаснењето на пожарите, ќе дадеме се од себе пожарите час поскоро да бидат ставени под контрола. – вели Стојанче Ангелов.

Надлежните потсетуваат дека било какво палење оган на отворено е строго забрането и апелираат граѓаните да се однесуваат одговорно, бидејќи дури и фрлање отпушок од цигара преку прозор и палење скара на убавиот Илинден, може да разгорат огнови со катастрофални последици. Кризната состојба е во сила од денеска и ќе трае до 31 Август.