Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Мицкоски: Новите 47 социјални станови во Дебар се нов почеток за многу семејства

Со државна помош до сопствен дом во Дебар. 47 социјално загрозени семејства…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со државна помош до сопствен дом во Дебар. 47 социјално загрозени семејства добија кров над глава. Зградата од 2350 м2 во Дебар кадешто ќе живеат овие луѓе е резултат на соработката меѓу владата и Банката за развој при Советот на Европа. Од Владата посочија дека се задоволни што токму најзагрозените ќе добијат помош, бидејќи се работи за деца без родители, корисници на минимален гарантиран приход, лица со попреченост, лица погодени од елементарни непогоди, самохрани родители.

„Им посакувам многу среќа, здравје и што подолговечно да ги користат овие домови. Нека им бидат мир, спокој и утеха тогаш кога им е најпотребно“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Претходно Владата додели 29 социјални станови во Велес, 32 во Кочани, 21 во Струмица и 19 во Гевгелија. Во моментоив има активни огласи за аплицирање  за социјални станови во Пробиштип и Свети Николе.

Реклама

„Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани. Во завршна фаза е изградбата на социјални згради во Бутел, Сарај и Прилеп, додека се планира и изградба на ваков објект во Штип. Со овие проекти решаваме едно од најважните животни прашања на голем број семејства“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Граѓаните во социјалната зграда во Дебар ќе живеат во станови од 35 до 55 м2, во зависност од бројот на членови на семејствата.

Градоначалникот на Дебар посочи дека изградбата на оваа зграда не е единствен проект во оваа општина. Преку парите обезбедени од унгарскиот кредит, се реализира и изградба на нов булевар во општината. Општина Дебар реализира 22 инфраструктурни проекти преку оваа финансиска помош.