Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Најтопло попладнево во Велес, Виница, Кавадарци и Демир Капија

Во Велес попладнево се измерени 39 степени Целзиусови, во Виница, Кавадарци и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Велес попладнево се измерени 39 степени Целзиусови, во Виница, Кавадарци и Демир Капија, 38,  Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија, 37. Во Штип температирата достигна 36 степени, Тетово 35, Битола 34,  Крива Паланка и Прилеп, 33, Охрид, 32, Берово 31, Претор 30, Маврови Анови 29, Крушево 28, Попова Шапка 22 – покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

Како што информира УХМР, попладнево ќе се задржи сончево и топло, а во текот на ноќта ведро време. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Реклама

– Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови.