Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Промовирани нови 496 полициски службеници

Полициската професија не е професија којашто завршува со истекот на работното време.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициската професија не е професија којашто завршува со истекот на работното време. Таа е животен избор, повик што бара храброст кога е најтешко, смиреност кога сите други се вознемирени, чесност кога никој не ја гледа и човечност во секоја постапка

Ова го порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на промовирањето на 496 нови полициски службеници од генерацијата 2025-2026 во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово. 

Реклама

„Македонија има најнизок криминалитет во последните 20 години, што е резултат на посветена работа на секој полициски службеник, но и на реформите, модернизацијата и професионализацијата што континуирано ги спроведуваме. Тоа е потврда дека кога се инвестира во луѓето, во знаењето и во институциите, резултатите не изостануваат“, вели Тошкоски.

Ова е првата генерација на која е спроведен новиот модел на наменска основна обука, поделена на три специјализирани модули: општа надлежност и сообраќај, гранични работи и специјални полициски операции.

„Најважната лекција што требаше да ја научите не беше како да примените одредена полициска техника или процедура. Најважната лекција беше дека полицискиот службеник секогаш мора да биде човек со интегритет. Знаењето може постојано да се надградува, вештините можат да се усовршуваат, но чесноста, одговорноста и чувството за правда се вредности што треба да ве водат во секој миг од вашата кариера“, изјави Влатко Митковски, помошник-министер на Полициската академија

Од оваа година повторно е активно и средното полициско училиште, од каде во иднина се очекува да се обезбедува професионалниот кадар на припадниците на полициските сили.