Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Јавниот долг се намалува, Владата будно ја следи инфлацијата

За три месеци јавниот долг намален за 21 милион евра. Најновните податоци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За три месеци јавниот долг намален за 21 милион евра. Најновните податоци од министерството за финансии се дека тој на крајот на јуни изнесува 58,8% од БДП , при што се забележува пад од 0,1п.п. во вториот квартал споредено со првиот. Јавниот долг континуирано се намалува и споредено со крајот на 2024-та, има пад од 2,6 п.п., а од крајот на минатата година е помал за 0,6 п.п. Вкупниот јавен долг е 10,7 милијарди евра. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска објаснува дека во периодот од април до јуни бил исплатен износ од над 300 милиони евра за сервисирање на дел од Еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Поголемиот дел од оваа Еврообврзница беше сервисиран во првиот квартал.

„Верувајте, не е едноставно цело време да се движите со ниво на јавен долг околу 60% од БДП и да се борите да не го надминете тој праг. Животниот стандард е да имаме добри болници, да имаме добри патишта, добри железници. Значи ако правилно ги насочуваме парите, можеби во некој момент ние може да излеземе од таа психолошка граница, како што излегле многу земји, но многу е важно да расте економијата и тоа во последните години се случува “ – Гордана Димитриеска Кочоска , министер за финансии.

Граѓаните очекуваат задржување на животниот стандард во услови на постојани поскапувања кај горивата. Владата располага со широк спектар на мерки кои може да ги активира меѓу кои и намалување на ДДВ. Податоците за пораст на трошоците за живот ќе бидат објавени наскоро, а ќе се анализира и Извештајот на Државниот пазарен инспекторат на цени на 700 прехранбени производи.

Реклама

„Очекувам набргу да биде објавен податокот за инфлацијата во јули. Но врз основа на податоците што ги добивам од Државниот пазарен инспекторат, очекувам сосема поинакви приоритети “ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Министерството за финансии вели дека продолжува со фискалната консолидација и рационалното трошење на државните пари. Со ребалансот за годинава не се планирани нови задолжувања вон планираните, а се намалуваат и ставките за стоки и услуги. Министерката рече дека јавниот долг до крајот на 2026-та ќе биде под границата на 60% од БДП.