Реклама

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Гостиварци ќе мора да се стрпат: Водата сè уште не е за пиење од чешма

Осомничениот Марковски „не ја киднал“: Адвокатот тврди дека морал да отпатува службено и дека брзо ќе се врати

Цандо „исчезна“: Го снема морбидниот профил близок до СДСМ и Филипче кој посака смрт за вработени во Алфа

Протоколите со Бугарија не се дел од рамката со ЕУ, но СДСМ и ДУИ ги пикнаа низ споредна врата

Европа во пламен, пожари беснат на сите страни – Македонија засега куртули, но допрва влегуваме во топлотен бран

Капитални инвестиции од 150 милиони денари во Делчево

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Македонија

МВР: Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Работниот тим

Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task force) за сузбивање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи бележи значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал. Засилената координација, побрзата размена на информации и заедничкото дејствување на организациските единици овозможија поефикасно откривање и сузбивање на криминалните структури што се занимаваат со недозволена трговија со дрога, пишува во денешното соопштение на МВР.

– Во изминатиот месец беа реализирани повеќе координирани акции низ целата држава, насочени кон откривање на дилерски мрежи, прекинување на каналите за снабдување и спречување на понатамошна дистрибуција на наркотични дроги. Меѓу позначајните акции е пресечениот меѓународен транспорт на околу 25 килограми марихуана на граничен премин „Деве Баир“ – се додава во соопштението.

Како резултат на преземените мерки и активности, запленети биле 43,3 килограми марихуана, 693,37 грама кокаин, 141,42 грама хашиш, 691,34 грама амфетамин, 50 грама халуциногени печурки, 541 таблета екстази, 69 ЛСД – таблети, 14 таблети – МДМА, како и 116 паковки со растителна, прашкаста и грутчеста материја, за кои се вршеле соодветни вештачења.

Реклама

– Во истиот период поднесена е 21 кривична пријава против 29 лица, извршен е 131 претрес на домови и други простории, реализирани се 935 прегледи на возила и 1.078 прегледи на лица, а 241 лице се приведени или лишени од слобода по различни основи поврзани со недозволената трговија со дрога – се додава во соопштението.

Се истакнува дека особено значајни се резултатите постигнати на подрачјето на СВР – Скопје, каде при извршените претреси, покрај наркотичните дроги, пронајдени и одземени биле 2.900 евра, 100 швајцарски франци, 58.000 денари во различни апоени, два пиштоли и шест дигитални ваги. Овие предмети, како што се нагласува, упатуваат на организирано вршење на кривичните дела и претставуваат значајни материјални докази во натамошните кривични постапки.

– Во рамките на активностите на Работниот тим успешно е реализирана и потрагата по 41-годишно лице од Кочани по кое беше распишана меѓународна потерница. Лицето претходно избега од полициска станица, каде беше лишено од слобода поради основано сомнение за недозволена трговија со дрога, а неговото пронаоѓање и повторно лишување од слобода претставува уште една потврда за ефикасното постапување на полициските служби и доследното спроведување на законската одговорност – се истакнува во соопштението.

Министерството за внатрешни работи подвлекува дека останува цврсто определено во бескомпромисната борба против недозволената трговија со дрога.

– Во наредниот период, активностите на Работниот тим ќе продолжат со уште поголем интензитет, преку засилени контроли, координирани акции, финансиски истраги и меѓународна полициска соработка – се додава во соопштението.