Реклама

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Гостиварци ќе мора да се стрпат: Водата сè уште не е за пиење од чешма

Осомничениот Марковски „не ја киднал“: Адвокатот тврди дека морал да отпатува службено и дека брзо ќе се врати

Цандо „исчезна“: Го снема морбидниот профил близок до СДСМ и Филипче кој посака смрт за вработени во Алфа

Протоколите со Бугарија не се дел од рамката со ЕУ, но СДСМ и ДУИ ги пикнаа низ споредна врата

Европа во пламен, пожари беснат на сите страни – Македонија засега куртули, но допрва влегуваме во топлотен бран

Капитални инвестиции од 150 милиони денари во Делчево

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Прилози

Протоколите со Бугарија не се дел од рамката со ЕУ, но СДСМ и ДУИ ги пикнаа низ споредна врата

Контроверзниот и штетен втор протокол со Бугарија не е наведен во Преговарачката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Контроверзниот и штетен втор протокол со Бугарија не е наведен во Преговарачката рамка со Европската унија со неговото целосно име, како посебен документ или правен акт.  Во неа никаде не пишува дека „Вториот протокол од 17 јули 2022 година е составен дел од Преговарачката рамка“. Тој документ не е приложен кон рамката, не е наведен како нејзин анекс и не е посочен како посебен правен акт што Македонија е должна да го исполнува во текот на преговорите. Тоа никој, никогаш не го спорел, но проблемот е што тој или дел од него, минатат влада на СДСМ и ДУИ, на барање на Бугарија дозволија тој скришум да биде пикнат во политичкиот дел.

Протокол кој наметнува сериозни обврски, тие го вметнуваат во преговарачката рамка, а ако се погледне ретроспективно ќе се добие една фрапатна работа. Вториот протокол беше потпишан во Софија на 17 јули 2022 година. Советот на Европската Унија ја одобри Преговарачката рамка на 18 јули, а на 19 јули се одржа првата меѓувладина конференција со Македонија. Очигледно се работи за три поврзани настани, се равоти за делови од еден ист политички пакет, на којшто нашите премолчено дозволи да се направи штета на македонскиот народ“, вели професорот Јове Кекеновски.

Реклама

И протоколот не ни може официјлано да биде дел од рмката или да има правно дејство, затао што не е ратификуван во македонското Собрание, ниту пак е формализиран во преговарачката рамка со ЕУ, но, обврските што произлегуваат за земјава од него, сепак, се „камен на сопнување“ во евроинтеграцискиот процес на Македонија.

Со протоколот, кој од наша страна беше прифатен од тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи, се бара внесување на резултатите од работата на Историската комисија во наставните програми, учебниците, наставните материјали, музеите, спомениците, информативните табли и јавните електронски бази на Македонија. Се предвидуваат рокови за усогласување на учебниците, подготовка на наставни лекции, промени во конкретни образовни содржини и создавање правна рамка за отворање на архивите.

Вториот протокол иако во јавноста беше претставен како најобичен записник, односно евиденција од една меѓувладина седница, тој всушност содржи многу нови обврски за нашата држава, коишто се навистина штетни, а од друга страна  ги нема во договорот за добрососедство склучен во 2017 година. И на еден суптилен начин тоа вметнато со една општа формулација за доброволно спроведување на одредбите од договорот со Бугарија“, додава професорот.

Кекеновски смета дека на два начини можеме да се справуваме со штетата направена од минатата влада. Во директни преговори да им укажеме на европските партнери за штетните делови од преговарачката рамка или со оспорувањето на вториот протокол и целата постапка од преговорите пред Уставниот суд.