Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Андоновски: преку дигитализацијата на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите

Поедноставно добивање сертификати за вино и земјоделски производи. Поттикнувње и поддржување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поедноставно добивање сертификати за вино и земјоделски производи. Поттикнувње и поддржување на стопанството ќе овозможат двете нови дигитални алатки на Државниот инспекторат за земјоделство. Станува збор за услугите „Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки“ и „Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино“. Услугите се веќе достапни  на  Националниот портал за услуги.  Со нив  ќе се  намалат трошоците на компаниите,  а ќе се зголеми производството.

-Сектори што создваат домашна вредност, обезбедуваат работни места и ја претставуваат Македонија на најдобар можен начин на странските пазари. За една компанија времето потребно за добивање на еден документ не е само административно прашање тоа е дел од трошокот за работење, од брзината на производството и од нејзината конкурентност–истакна Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски

Новите услуги се наменети за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците. Сертификатите, покрај во хартиена форма, ќе се добиваат и електронски, со иста правна важност, што ќе го елиминра  личното подигнување на документите и ќе ја поедностави целата постапка.

Реклама

-Дополнително целосно е дигитализирана и постапката за плаќање на администаративниите такси. Наместо досегашното уплаќање со хартиени уплатници, плаќањето ќе се врши електронски– истакна директорот на Државниот инспекторат Ивица Анѓеловски.

 Андоновски додава дека продолжуваат да градат дигитална држава која штеди време, ги намалува трошоците и создава подобри услови за работа, развој и економски напредок. Во наредниот период, новите услуги ќе бидат презентирани и пред бизнис-заедницата во соработка со Стопанската комора на Македонија.