Реклама

Капитални инвестиции од 150 милиони денари во Делчево

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Му го отвори ли Судот во Струга патот на Марковски за бегство? – Правници предупредуваат за можни злоупотреби

Мицкоски: Во водата во Гостивар се појави нова бактерија, и натаму не може да се пие

„Месеци на практиканство“, студенти ќе одат на пракса во општините

Мицкоски: Следната недела се очекува поголемо поевтинување на дизелот и бензините

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонија

Словенечка компанија со нова потенцијална инвестиција во ТИРЗ, вредна минимум 15 милиони евра 

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски денеска оствари средба со ИНЕА,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски денеска оствари средба со ИНЕА, словенечка инженерска и технолошка компанија со седиште во Љубљана. На средбата беа разгледани можностите кои ги нудат ТИР зоните, како и активностите и плановите на компанијата за нова потенцијална инвестиција вредна минимум 15 милиони евра, со отворање на најмалку 100 нови работни места.

-Директорот Димовски ги претстави поволностите за странските инвеститори што ги нуди Дирекцијата за ТИРЗ во соработка со Владата, истакнувајќи ја стратешката локација на државата, современата инфраструктура, квалификуваната работна сила и пакетот на државни мерки за поддршка на инвестициите. Тој нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ е стабилен партнер на сите инвеститори во текот на целиот инвестициски процес, обезбедувајќи континуирана институционална поддршка од првичните разговори до реализацијата и понатамошниот развој на инвестицијата, информираат од Дирекцијата.

Како што посочуваат, од страна на Алесандро Лупис, генерален директор на компанијата, беше изразено задоволство за остварената средба, со очекување за продолжување на комуникацијата и понатамошно разгледување на можностите за реализација на потенцијална инвестиција во рамки на ТИР зоните. Тој ги претстави тековните проекти и активности, како и долгогодишното искуство на компанијата во развојот и имплементацијата на современи инженерски решенија за индустрискиот сектор.

Реклама

ИНЕА е компанија специјализирана за индустриска автоматизација, дигитализација на производствените процеси, роботика и енергетски менаџмент, која со своите решенија им помага на компаниите да ја зголемат ефикасноста, продуктивноста и конкурентноста. Компанијата има реализирано бројни проекти на меѓународно ниво и претставува пример за високотехнолошки развој и иновации. Со повеќе од 35 години искуство и над 3.000 реализирани проекти во повеќе од 30 земји, ИНЕА е препознаена како партнер за развој и имплементација на современи решенија во индустриската автоматизација, дигитализацијата и управувањето со енергија. Компанијата соработува со водечки глобални технолошки компании, меѓу кои AVEVA, Siemens, Rockwell Automation и Dassault Systèmes, придонесувајќи кон унапредување на производствените процеси и воведување на иновативни технологии.