Реклама

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Македонија

Зголемена фреквенција на ГП Богородица, се чека околу 40 минути

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, а најголема фреквенција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, а најголема фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), времето на чекање за преминување на границата изнесува околу 40 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да управуваат внимателно, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Реклама

Посебна претпазливост се препорачува на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.