Владините мерки и владината иницијатива за привлекување туристи, носат резултати, а туризмот бележи раст од 40 отсто кај странските гости, споредбено со минатата година.
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека тоа е големо признание за работата на неговата Влада, но и дека тоа ќе има влијание и врз растот на Бруто домашниот производ, што ќе може да се прокнижи уште во вториот квартал.
„Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во којашто ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно“, вели Мицкоски.

Премиерот смета дека оваа Влада овозможила голем напредок и во сите области на земјоделството, а како клучна мерка го наведе зголемувањето на акумулациите со вода за наводнување. Тој кажа дека пред две години акумулациите биле на 9 отсто, а по две години на домаќинско работење и исполнетоста на водните капацитети е над 70 отсто.
„Овие политики на Владата ќе продолжат во таа насока и во лозарството и во делот на тутунарите, од 16тина милиони килограми тутун, дојдовме до 26 милиони тони, од цени 150-160 дојдовме до цени 420-430 денари за килограм. Кај лозарството исто така од 60 до 60 милиони килограми дојдовме до 120, очекуваме оваа година да биде родот“, додаде тој.
Кога сето ова ќе се земе предвид, вели премиерот, може да каже дека има исклучително голем напредок споредено со состојбата што ја наследиле.
