Реклама

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Прилози

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Ниту една природна или човечка катастрофа која се случила во последните две…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту една природна или човечка катастрофа која се случила во последните две години во Македонија, не поминала без обид за остварување на политички поени од страна на опозициската СДСМ. Така е и во случајот со загадувањето на водаата за пиење во градскиот вододовод во Гостивар, кога нападите на опозицијата се вперени во власта, иако гостиварскиот градоначалник Валбон Лимани е од редовите на коалицијата на ДУИ.

Аналитичарот Џенур Исени вели, дека загадувањето на водата во гостиварскиот водовод е сериозна закана за јавното здравје на граѓаните и не би смеела да биде искористена како алатка за дневно-политички пресметки помеѓу партиите.

Кога граѓаните се соочуваат со проблеми со нивното здравје тогаш треба да се дојде до утврдување на фактите, а не да се влезе во политичко профитирање. Локалното јавно претпријатие има целосни надлежности за функционирање на системот, а централната власт има надлежност да обезбеди истрага и навремено да ја информира јавноста – вели Исени..

Реклама

Исени е дециден и дека не смее да дојде до политизација на надлежностите, а за сите обвинувања од опозицијата би требало да се понудат соодветни докази.

Во една правна држава одговорноста не се сведува на прес конференции, туку преку независна судска постапка, а ако се докажат злоупотреби, апсолутно е дека секој треба да сноси одговорност, смета тој.

Аналитичарот смета дека сега е време да се започне со ревизија на целокупниот систем на водоснабдување во Македонија, како и обезбедување на поголеми инвестиции за унапредување на инфраструктурните капацитети на единиците од локалната управа.