Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Со  тест од плунка за само три до десет минути ќе може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со  тест од плунка за само три до десет минути ќе може да се утврди присуство на кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати, екстази, седативи, како и ТХЦ.  Проверката ќе се врши директно на терен кај оние возачи кај кои ќе постои сомнеж од страна на полицијата.  Од МВР велат дека веќе се нарачани  првите 10.000 тестови од кинеско производство, кои се очекува да пристигнат на почетокот на август. Цената на еден тест изнесува 218 денари.

-Склучен е Договор за набавка на 10.000 илјади парчиња тестови за дрога. Со нивна употреба не е почнато бидејќи тече рокот за испорака согласно склучениот договор. Се очекува испораката да биде во првата половина од август– истакна портпаролот на МВР Гоце Андреевски.

Новите тестови се едноставни за употреба и не бараат дополнителни уреди, реагенси или медицинска опрема. Примерокот се зема преку орален брис,   а  постапката ќе трае помалку од една минута.Тестовите имаат точност од 99 проценти и  за нивното користење не е потребно медицинско знаење.

Реклама

-Тестирањето ќе се врши на местото каде што е сопрено возилото. Тестовите се карактеризираат со висока прецизност. Вакви видови на тестови се употребуваат прв пат а тестирањето се прави и сега со анализа на крв и урина– истакна портпаролот на МВР Гоце Андреевски.

Набавката е реализирана преку двегодишна рамковна спогодба, со  максимален лимит од 80.000 евра за период од две години. Целта на  брзите тестови е полесно  откривање на  возачи кои управуваат под влијание на наркотични средства за поголема безбедност во сообраќајот