Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

    Опремувањето и осовременувањето на со години запуштените воени објекти во земјава,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

    Опремувањето и осовременувањето на со години запуштените воени објекти во земјава, продолжува со несмален интензитет. Досега се реализирани преку 20 проекти, а во овој момент се вложуваат над 850.000 евра за други проекти во речиси сите македонски касарни. Напоредно се работи и на подобрување на условите за работа и делување на армијата воопшто.

  „Правиме нов Колективен договор што ќе го прифати цела армија, што ќе фо прифатат сите синдикати. Правиме нов Закон, или закон, или само формација, разговараме со синдикатите, за да им помогнеме на сите војници кои што навршуваат 45 години, да останат засекогаш во Министерството, во Армијата, и да можат да бидат во Армијата постојано. Правиме нови проекти за следната година, нов Дом на АРМ, нов хотел „Шар“ ќе правиме на Попова Шапка, правиме нови проекти  и во секоја касарана ќе биде многу раздвижено“ – изјави Владо Мисајловски, министер за одбрана.

 Во рамките на овие проекти е и изградбата на современ, челичен хангар во прилепската Касрана „Мирче Ацев“. Објектот се простира на површина од 1.400 метри квардратни и е во вредност од 10,5 милиони денари.

Реклама

 „На овој начин опремата ќе биде целосно заштитена – елосно нова челична конструкција, направена е цела нова електрика, заштитен објект под целосен видео-надзор, со хидрантска мрежа, и.т.н., што навистина во овој период динамично е во сите касарни“ – рече министерот Мисајловски.

  При денешната посета на прилепската Касарна, Мисајловски потести и на присутноста и помошта на армијата при сите кризни состојби предизвикани од пожари, поплави, епидемии, како што е последниот случај со водата во Гостивар каде армијата постојано е на терен и врши дотур на чиста вода за населението. Тој откри дека во значителен пораст е и интересот на младите за професионално вклучување во армиските редови, па така само во моментов на последниот оглас имало преку 1.700 апликанти. А за евентуалното враќање на задолжителниот воениот рок во Македонија, Мисајловски кажа дека како директна тема не била се’ уште отворена.