Реклама

30 парични казни и 12 забрани за работа по вондредните инспекции во гостиварско

Деновиве во Кореја се одлучува за статусот на Охрид во УНЕСКО

Мицкоски: Водата во Гостивар до крај на неделата ќе биде за техничка употреба

Словенечки модел за ставање крај на злоупотребите на боледувањата

Летнатите кровови отворија сомнежи – почнуваат проверки на градежните стандарди

Мицкоски: Размислуваме за повторно намалување на ДДВ од 18% на 10%

АХВ: Во Гостивар изречени 30 казни и затворени 11 нерегистрирани оператори

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Прилози

Словенечки модел за ставање крај на злоупотребите на боледувањата

Лажни дијагнози, фиктивни боледувања, одмори на товар на системот. Сите злоупотреби под…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лажни дијагнози, фиктивни боледувања, одмори на товар на системот. Сите злоупотреби под наводниот медицински плашт ќе станат минато. Министерот за здравство Сашо Клековски предупредува дека злоупотребите се масовни и најавува решение со кое ќе се стави крај на ваквата пракса. По принципот на Словенија ќе засилат контролите, ќе има построги правила, поголема одговорност за оние кои ги издаваат и користат боледувањата но ќе има поостри казни. 

“Во Словенија новиот режим предвидува сите корисници на боледување да можат да ја напуштат државата само од медицински причини, со претходно одобрение од словенечкиот Фонд за здравствено осигурување. Словенија воведе и уште еден чекор што кај нас не постои – во случај на утврдени злоупотреби се врши враќање на исплатениот надоместок, без разлика дали е исплатен од работодавачот или од Фондот”, истакна Клековски.

Закана од абортус, патолошка бременост или нега на член на семејството се најчести дијагнози за боледувања. Затоа здравствените власти ги ставаат под лупа сите документи за да се утврдат неправилностите.

Реклама

“Бројот на корисници на боледување не е значително променет. Ако имаме 33 проценти зголемување на боледување имаме шест проценти зголемување на корисници на боледување односно од 1,8 на 2,3 е зголемен бројот на просечно боледување по осигуреник или по пациент”, рече Клековски.

За разлика од кај нас, во Словенија, контролите на боледувања се значително построги. Боледувањата се следат, постојат јасни правила за движењето на пациентите за време на отсуството, а институциите имаат механизми за проверка кога постои сомнеж за злоупотреба. Изминатата година Фондот за здравство направи сериозни анализи за државните институции кои покажаа дека најголем број отсуства поради медицински причини имало во МВР и АРМ.

Фондот тогаш утврди дека секое петто боледување во овие институции е неправилно. Контролите открија злоупотреби кај матични лекари, приватни ординации и лекарски комисии. Беа опфатени 105 приватни здравствени установи, претежно ординации по општа медицина 98, четири гинеколошко-акушерски ординации и три стоматолошки ординации.

Ања Лукарова