Реклама

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, не сме тврдоглави, но тоа е двонасочна улица во која бараме решенија со предвидлив крај

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Македонија

Се одржа 4. „Мелничка иселеничка средба 2026“

Во селото Мелница, Општина Чашка со богата програма синоќа се одржа 4.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во селото Мелница, Општина Чашка со богата програма синоќа се одржа 4. „Мелничка иселеничка  средба 2026“, што веќе традиционално ја организираат иселениците од Мелница организирани преку Македонското друштво „ МАК-МЕЛ“ од Бургдорф –Швајцарија заедно со друштвото  „МЕЛ-МЕЛ“ од село Мелница и Месната заедница од селото, како и со поддршка од Општина Чашка.

Средбите не ги одложи ни немањето на струја поради ветерот и невремето со ветер во текот на денот, но  организаторите навреме си обезбедиле агрегат за струја, а во текот на програмата синоќа бројните гости не ги растера ни ситниот дожд кој заврна за кратко. На средбите освен жителите од Мелница и иселениците од селото кои живеат во Швајцарија, Германија, Словенија и други земји, со автобуси дојдоа и гости од Велес, а со автомобили и гости од Скопје и други градови.

Програмата по традиција започна со дефиле на фолклорните друштва низ главната улица на село Мелница, потоа се одржа промоција на книгата „Мелница низ историјата“ од авторот д-р  Драги Наумовски, чие семејство потекнува од овој регион.

Реклама

Свеченото отворање на средбите беше на спортскиот терен во ОУ „Тодор Јанев“ во село Мелница, каде беше централниот настан. Во културно-забавната програма настапија девојките од село Мелница, Фолклорниот ансамбл „Керамичар“ од Велес и музичката ѕвезда Анета.

Инаку селото Мелница е оддалечено на 9 километри западно од општинскиот центар во Чашка и на 20- ттина километри од Велес. Се наоѓа во пазувите на планината Јакупица. Пола од жителите од село Мелница кои се Македонци со исламска вероисповед кои говорат на чист литературен македонски јазик од 1954-1957 година се иселиле во Турција, каде ги задржале своите традиции и обичаи. Од 70-тите  години наваму голем дел од жителите се иселиле во Швајцарија, Германија и други земји, но своите домови континуирано ги посетуваат секое лето каде одржуваат свои семејни прослави и веселби и ги негуваат македонската песна и ора. Во таа насока двете друштва од Швајцарија и од Мелница заедно веќе четвртта година ја организираат и оваа Мелничка иселеничка средба, како што велат организаторите, со цел заедничко дружење и негување на традициите.

Жителите на Мелница претежно се занимаваат со сточарство, земјоделство и градежништво. Селото е живо и има големи и убави современи куќи и училиште.