Реклама

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Прилози

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Повеќе пари за капитални проекти, дополнителна поддршка за земјоделството и нови мерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе пари за капитални проекти, дополнителна поддршка за земјоделството и нови мерки за заштита на жртвите на семејно и родово насилство. Ова го предвидува ребалансот на буџетот откако во него беа вградени амандмани во текот на расправата. Владата го утврди конечниот текст кој сега оди на одобрување на пленарна седница во Собранието.

„Со измените се обезбедуваат дополнителни средства за жените што вршат земјоделска дејност, за воспоставување национална СОС-линија за поддршка на жртвите на семејно и родово насилство, како и за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри“ – соопштуваат од Министерство за финансии.

Вкупните расходи од буџетот ќе изнесуваат 6,9 милијарди евра, а планирано е да се соберат 6,1 милијарди евра. Голем износ ќе се одвои за реализација на капитални инвестиции или речиси 750 милиони евра. Парите за изградба на патишта, болници, улилишта, градинки и друго се зголемуваат за огромни 14,5% споредено со првично планираното. Од финансии во неколку наврати потенцираа дека капиталните проекти се одвиваат со силна динамика, а министерствата аплицирале со нови проекти.

Реклама

Со ребалансот се одвојуваат дополнителни пари за субвенции во земјоделството, во железничкиот сообраќај, поддршка на спортот, за студентски и ученички стандард. Ќе има повеќе пари за најранливите категории граѓани преку средства за социјални надоместоци, за заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација, како и здравствена заштита. Истовремено се намалуваат расходите за стоки и услуги.

Поради негативните последици врз глобалната економија како резултат на воениот конфликт на Блискиот Исток, Владата ги ревидираше проекциите. Сега наместо 3,8%, очекува економски раст од 3,5%. Инфлацијата пак ќе се зголеми од првично планираните 2,5 на 4,5%. Јавниот долг треба да остане под нивото од 60% од БДП, а дефицитот да изнесува 4,1% од БДП или 752 милиони евра.