Реклама

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Македонија

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен

Забележано е почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во болницата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Забележано е почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во болницата и Здравствениот дом во Гостивар, активно се следи состојбата на терен, соопштија попладнево од Министерството за здравство.

– Министерството за здравство континуирано ја следи епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар и согласно последните податоци од јавните здравствени установи информираме дека од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош. Кумулативно, во Општа болница – Гостивар досега се евидентирани 1.554 пациенти, а во Здравствен дом – Гостивар, 1.392 пациенти. Четирите лица, кои беа хоспитализирани веќе се пуштени на домашно лекување. Досега се доставени 140 формални пријави, кои се обработуваат од епидемиолошките тимови на ЦЈЗ – Тетово и Институтот за јавно здравје, и се спроведени 81 епидемиолошка анкета – пишува во соопштението.

Во однос на дневниот тренд на новопрегледани пациенти, од Министерството за здравство информираат дека податоците покажуваат дека во текот на вчерашниот ден се евидентирани вкупно 564 новопрегледани пациенти во болницата и здравствениот дом, што покажува намалување во споредба со претходниот ден кога биле евидентирани 649 новопрегледани пациенти и кога бил достигнат најголемиот број на новопрегледани пациенти во тек на еден ден.

Реклама

– Потсетуваме дека клиничката слика кај најголемиот број пациенти е лесна и се спроведуваат сите потребни епидемиолошки, лабораториски и превентивни активности – се додава во соопштението.

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги следат официјалните препораки, да одржуваат редовна хигиена на рацете, а лицата со повраќање, дијареја, покачена температура или знаци на дехидратација, навремено да побараат медицинска помош.