Реклама

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Надлежните со предупредување до трговците: нема да се толерираат неоправдани покачувања

Државниот пазарен инспекторат останува на терен. Активно ќе се следат маржите. Трговците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот пазарен инспекторат останува на терен. Активно ќе се следат маржите. Трговците нема да смеат неоправдано да покачуваат цени. Ако се забележат отстапки ќе има ригорозни казни. Ова им беше предочено на дистрибутерите и производителите на денешната средба во министерството за економија и труд. Над 700 производи ќе се контролираат, а поради борбата за зачувување на животниот стандард нема да има толеранција. Ова го најави и заменикот министер за Економија и труд Маријан Ристески, кој посочи дека Владата со сите напори успеала да го заштит до сега стандардот на граѓаните, а ќе продолжи и понатаму.

„Нема да толерираме некоректно однесување пред се спрема граѓаните. Главна цел и приоритет на оваа Влада е да повторам, заштита на животниот стандард на граѓаните“, изјави Маријан ристески, заменик министер за економија и труд

Претходните мерки на Владата дадоа резултати, велат од Економија. Од таму додаваат дека статистичките пдоатоци покажаа стабилна годишна инфлација во рамки на проектираното, а месечната инфлација забележа негативен резултат.

Реклама

„И покрај зголемувањето на цените на енергенсите на нафтата и нафтените деривати инафтата во Македонија, мешутоа и најниска цена на основните прехрамбени производи, а то го покажа и стапката на инфлација за претходниот месец. Се што следи понатаму ќе следиме“, додаде Ристески.

А, дека досегашните мерки вродија со плод, потврдува и синдикалната кошничка која е речиси на исто ниво како и претходниот месец. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), пресмета дека во јули биле потребни 68.498 денари за едно четиричлено семејство, од кои околу 25.000 денари се потребни за храна, и е пониска за 156 денари во однос на јуни. Доколку во пресметката се вклучи и закупнина за стан од 60 квадратни метри, сумата се искачува на 83.873 денари.