Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Прилози

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Нема да биде прогласена епидемија во Гостивар, се додека не се утврди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема да биде прогласена епидемија во Гостивар, се додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби. Во меѓувреме во гостиварската општа болница, се пријавуваат по 200 граѓани дневно со симптоми на труење, а во последните 24 часа се побарани 100 интервенции на педијатрија и 160 на инфективното одделение. Министерот за здравство Сашо Клековски по денешната посета на болницата, посочи дека досега се направени само 19 епидемиолошки анкети со граѓани, а потребни се најмалку 100 за да се стигне до докази за епидемија. Покрај бројните теории за потеклото на симптомите, министерот ја исклучува шансата за труење од храна.

„Шансата да 1000 луѓе се затрујат од храна – а тоа не е фабричка хала во некоја од фабрикиве што имаат по 5000 вработени – е многу мала. Дополнително, ова трае веќе 4 дена, така што за мене храната е логички исклучена како можен извор бидејќи премногу денови се, премногу различни локации се за сите да јаделе иста храна“, изјави Сашо Клековски, министер за здравство

Реклама

Во меѓувреме градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, тврди дека кафеавата вода која течеше од чешмите на граѓаните не е изворот на заболувањето, повикувајќи се на редовните анализи спроведувани од ЈП „Комуналец“ според кои водата ги исполнувала критериумите на безбедност. Директорот на општата болница во Гостивар вели дека не се работи за бактерија и очекува овие денови да се случи пикот на бројката пациенти пријавени со вакви симптоми.

„Нема бактерија. Тука се покажува дека има акутна инфекција бидејќи покачени се малку леукоцитите 10000, 12000. Нема други параметри покачени“, изјави Д-р Емри Бајрами, директор на општата болница во Гостивар

„Она што може да поврзе волкав број луѓе е заедничка инфраструктура, сепак е тоа водата. И второто што не можеме да го исклучиме е сепак вирусна епидемија и затоа се прават анализи за аденорота вирус“, изјави министерот

Водата во Гостивар од вчера е забранета за пиење, откако 1200 луѓе  се пријавија во болницата. Од министерството за внатрешни работи велат дека постои основ за сомнеж дека заедно со Општина Гостивар, ЈП „Водовод“ поставило пумпи во коритото на Вардар, преку кои, вода била вбризгувана во главниот водоводен цевковод за да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг од питка вода.