Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Со многу позитивна енергија и вистинска ерупција од расположение, синоќа започна годинашниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со многу позитивна енергија и вистинска ерупција од расположение, синоќа започна годинашниот 23-ти по ред Фестивал на пивото и скарата во Прилеп. Бројните посетители кои уште на првата фестивалска вечер ги „запоседнаа“ 15-те штандови, каде се бараше место плус, но и оние кои беа многу побројни пред големата бина, буквално уживаа во понудената музичка програма. Градоначалникот на Прилеп, пак, кој со кригла пиво и официјално го означи стартот, посака успешни фестивалски денови, ветувајќи зголемена безбедност и висока посветеност на сите инволвирани во организацијата.

„Само едно посакувам за овој Фестивал – да остане запаметен кај сите посетители како едно навистина пријатно чувство кое што ќе го понесат од Прилеп, од ова што се случувало – добра забава, добра храна и најдобрите пијалоци овде во Прилеп. Уживајте и нека е аирлија Фестивалот“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

И не само посетителите, туку и музичките артисти кои настапуваа на првата фестивалска вечер не го криеја своето задоволство што се дел од годинашниот „Пивофест“.

Реклама

„Значи, јас кога бев дете памтам, средно, не знам прва, втора или трета година, дека се организиравме со возови, доаѓавме за да го гледаме „Пивофест“ и се враќавме утрото со тој воз. Така што, ми било желба еден ден да настапам и јас на оваа сцена. И ете, Господ си направи свое и почнав да се занимавам со музика, почнав да работам на мојата кариера и тука сум каде што сум. Чест ми е што сум на оваа сцена и на моите колеги би им препорачал да работат, да снимаат песни и сè ќе се исплати“, кажа Огнен Здравсковски, музичар.

„Јас на повеќе наврати сум кажал дека силно ја сакам Македонија од повеќе причини и секогаш се радувам на секој мој настап во Македонија. Среќен сум што ја имаме поминато цела Македонија. Голема е честа, но и задоволството да се настапи на вака голема бина пред олку бројна публика. Има тука и позитивна трема, но многу ми е мило што вечерва сум овде“, рече Џенан Лончаревиќ, музичар.

Помеѓу бројните гости беше и премиерот Христијан Мицкоски, кој Фестивалот го следеше од штандот на Прилепската пиварница. Фестивалските случувања продолжуваат вечерва со настапите на „Локдаун“, Јордан Митев и Милица Павловиќ, а утревечер ќе настапат Марјан Коцев, „Д’хаундс“ и Јелена Розга.