Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Општина Богданци симболично го награди младиот математички шампион Коста Попристовски

Со симболичен подарок, локалните власти во Општина Богданци го наградија младиот математичар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со симболичен подарок, локалните власти во Општина Богданци го наградија младиот математичар Коста Попристовски поради неговите математички успеси. На денешната средба со градоначалникот Блаже Шапов, талентираниот ученик прими честитки за своите успеси и му се укажа благодарност поради тоа што е вистинска гордост на Богданци.

Последното големо признание Коста го освои на Интернационалниот математички натпревар „Математика без граници“, одржан на 6 јули во Несебар, Бугарија, со учество на ученици и натпреварувачи од 42 држави. Во силна меѓународна конкуренција, Коста ја освои шампионската титула во категоријата алгебра „Лудвико Ферари“, и со тоа, како што велат од Општината, потврди дека талентот, знаењето и посветеноста носат врвни резултати.

– Со особено задоволство денес во мојот кабинет го пречекав нашиот млад и исклучително талентиран математичар. Како знак на почит и благодарност за неговите достигнувања, му врачив симболичен подарок, со желба ова да биде само уште еден чекор кон нови успеси. Средбата ја заокруживме со пријателска партија шах, која заврши нерешено – реми, уште една потврда за неговото стратешко размислување, се вели во информацијата од Општина Богданци.

Реклама

Коста е ученик во ООУ „Петар Мусев“ во Богданци. На натпреварот “Математика без граници“, освои златен медал, прво место и победнички пехар во категоријата „Лудвико Ферари“. Тој зад себе веќе има низа државни и меѓународни успеси по математика, физика и шах.