Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Кризната состојба во снабдувањето со нафтени деривати се продолжува за уште три…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кризната состојба во снабдувањето со нафтени деривати се продолжува за уште три месеци. Владата на денешната седница донесе одлука таа да трае до 21-ви октомври. Со ова се отвора простор Владата да преземе мерки за одржување на животниот стандард на граѓаните ако дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.

„Кризна состојба се прогласува за Владата да може брзо и ефикасно да реагира, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството. По усогласување на одлуката во рамки на владините процедури истата ќе биде доставена до Собранието на разгледување и донесување, согласно законските надлежности“ – велат од Владата.

Веќе е извесно дека во понеделник ќе има намалување на акцизите. Тие во моментов изнесуваат 22 денари по литар за бензините и 15,5 денари по литар за дизелот. Овој потег доаѓа откако во два наврати за две седмици дизелот поскапе енормно за 8 денари по литар, а бензините за два и пол денари по литар. Премиерот Мицкоски пред неколку дена рече дека ќе почека до петок за да заврши тргувањето на берзите и да се знае точната цена на нафтата, но дека веројатно веќе се исполнети условите за помала акциза. Во моментов, нафтата од типот брент која е релевантна за пресметка на горивата во Македонија се тргува за 85 долари за барел, што е пораст од речиси 15% споредено со минатиот петок.

Реклама

Засега не се знае дали ќе има некои интервенции во цените на основните прехранбени производи. За во понеделник повторно е закажан состанок на владини претставници со газдите на маркетите. Сепак, според анализата на Државниот пазарен инспекторат цените во продавниците растеле побрзо од набавните цени на производите. Тоа значи дека дел од нив имале поголема брутопрофитна маржа, односно кога се намалиле набавните цени, тие не ги поевтиниле производите, при што трошокот паднал на грбот на крајните купувачи.