Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ бараат изговори за да го блокираат Изборниот законик

СДСМ, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку политичка блокада, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако со месеци учествуваа во разговорите и усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне договор, се повлекоа и го урнаа целиот процес.

Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти.

Реклама

Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДСМ, Левица и ДУИ, трите партии си подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз.

ВМРО-ДПМНЕ останува подготвена веднаш да прифати договор меѓу опозициските партии, доколку тоа овозможи конечно да се олесни гласањето на дијаспората.

Одговорноста ако Македонија продолжи со стариот Изборен законик е целосно на СДСМ, Левица и ДУИ.