Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Се заоструваат правилата за сместување во студентските домови

Нема повеќе пушење во собите, консумирање или внесување на алкохол и  пуштање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема повеќе пушење во собите, консумирање или внесување на алкохол и  пуштање гласна музикa. Се воведува ред  во студентските домови. Со новиот Правилник за сместување и престој се воведуваат построги дисциплински мерки, а за најтешките прекршоци е предвидена забрана на повторно сместување во студентски дом во период до пет години. Според новите одредби, надлежните органи воведуваат нулта толеранција за низа однесувања кои го нарушуваат заедничкиот престој.

-Забрана за време од една до пет години за сместување во студентски дом за  студенти кои ќе сторат потешки повреди на куќниот ред, на што мислиме, кои ќе сторат штета на инвентарот , ќе бидат фатени со алкохол или други супстанци  или доколку се констатира навредливо , агресивно или насилно однесување, физичко или психичко малтретирање, вознемирување, дискриминација  или друго недолично постапувањеистакна министерката за образование Весна Јаневска.

Се менува и делот за возраста на лицата кои се сместуваат во домовите. Постари од 30 години во иднина нема да можат да да поднесат барање.

Реклама

-Детектиравме студенти кои со години се сместуваат во домовите, законски наоѓаат начин и ги користат услугите за 3.400 денари да живеат во месецот со сите покриени трошоци за храна, вода, струја и се што им е потребно. Едноставно презапишуваат години на факултет и добиваат услуги  во дом. Тоа го спречуваме и воведуваме максимална старосна граница на студент кој аплицирал за сместување во дом  да биде 30 годиниистакна министерката за образование Весна Јаневска.

Покрај овие мерки се воведуваат и мерки против нарушување на редот и мирот во домовите, кршење на инвентарот, отстапување на соба на друго лице за материјална корист и нередовно плаќање на станарината. Прелог законот е во собраниска процедура и се очекува да се донесе до  крајот на месецот. Примената  ќе  стартува  од оваа година. Ваквите измени следуваат по долгогодишни забелешки за нарушување на редот во дел од студентските домови, како и по иницијативите на управите за воведување поефикасни механизми за санкционирање на најсериозните прекршувања.