Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Прилози

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

И Прилеп се вброи меѓу 16-те општини каде што и официјално функционира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И Прилеп се вброи меѓу 16-те општини каде што и официјално функционира дигитален Центар за е-услуги. Граѓаните и правните лица на едно место можат да добијат околу 350 различни административни услуги, и тоа веднаш или за многу кратко време.

Според ресорниот министер, целта на овие услуги не е само процесот на дигитализација, туку пред сè побрза, поефикасна и потранспарентна услуга за секој граѓанин, особено за повозрасните, на кои дигиталната писменост им претставува поголем предизвик.

„Најкористени услуги на Порталот во моментот ни се изводите од Матичната книга на родените, венчаните и умрените, кои се добиваат за многу кратко време. Уверението за државјанство се добива веднаш, како и потврдите за неосудуваност, кои исто така се издаваат за многу кратко време. Така што една палета од најкористените административни услуги за граѓаните е достапна на Порталот, а секако и во Центарот за е-услуги тука во Прилеп“, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Реклама

Во изминатите два пробни месеца, околу 200 граѓани побарале различни услуги преку овој Центар, што, според градоначалникот, е сериозен показател дека прилепчани имаат потреба од ваков вид, условно кажано, „посредништво“.

„Сметаме дека ова е добар чекор за подобрување на функционалноста на институциите и за промоција на услугите што Министерството ги нуди преку Платформата за е-услуги. Ова е заеднички проект – ние обезбедивме простор во нашиот едношалтерски систем, со крајна цел граѓаните преку едно место да имаат пристап до сите услуги што ги нудат и локалната самоуправа и централните институции“, посочи Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Според министерот Андоновски, до крајот на годинава е планирано да се отворат уште пет вакви центри, со што речиси целата територија на државата ќе биде покриена со вакви центри.

Инаку, минатата година Светската банка, според Индексот за дигитализација, ја вброи Македонија во категоријата „А“, што значи дека земјата е во групата дигитално развиени држави.