Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

ДИК ја усвои Годишната програма за едукација на другите чинители на изборите во и вон изборниот процес 

Државната изборна комисија на денешната деветта седница едногласно ја усвои Годишната програма…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија на денешната деветта седница едногласно ја усвои Годишната програма за едукација на другите чинители на изборите во и вон изборниот процес.

Претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ рече дека главна цел на оваа програма е да се зајакне интегритетот, транспарентноста и јавната доверба во изборниот процес преку континуирана едукација и надвор од изборниот период.

Тој појасни дека активностите се насочени кон клучните чинители: медиумите, граѓанските организации, политичките партии, независните кандидати, со цел унапредување на нивната улога и квалитетот во известувањето. Посебен фокус се става на специфични групи на гласачи: млади, жени, лица со попреченост и лица во установи за вонсемејна грижа, за да се овозможи нивно правилно и непречено учество на изборите. 

Реклама

– Знаете дека Државната изборна комисија вложува многу внимание на едукацијата и затоа ова е еден важен дел, една важна компонента на нашата работа – истакна тој. 

На денешната седница на ДИК, усвоени беа и правилникот за начинот на вршење на попис и усогласување на сметководствената состојба на средствата и обврските со фактичката состојба на Државната изборна комисија, процедурата за начинот на вршење попис и усогласување на сметководствената состојба на средства и обврски со фактичката состојба во Државната изборна комисија.

Беа усвоени повеќе одлуки за изменување и дополнување на одлуки за утврдување на облик и содржина на печатите и штембилите кои ги користи ДИК, општинските изборни комисии, Изборната комисија на Град Скопје. Исто така, замена и утврдување на обликот на печатот од избирачките места во надлежност на конкретни општински изборни комисии.