Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Судскиот совет ги усвои измените на годишната програма за 2026, во фокус зајакнување на довербата

Судскиот совет на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на годишната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на годишната програма за работа за 2026 година, при што како една од клучните цели е утврдено зајакнувањето на довербата на јавноста и судството во непристрасноста и професионалноста на Советот.

На седницата беше избрана и новата претседателка на Основниот кривичен суд Скопје. По спроведена постапка по јавен оглас и усвоен извештај на Комисијата за избор, за претседателка беше избрана судијката Даниела Димовска, која досега ја извршуваше функцијата вршител на должност претседателка на судот.

Димовска пред една година беше избрана за в.д. претседателка на Основниот кривичен суд Скопје, а претходно работеше како судијка во Одделението за организиран криминал и корупција при истиот суд.

Реклама

Членовите на Судскиот совет, кои ја поддржаа нејзината кандидатура, како предности ги посочија визијата за раководење со судот, иновативниот пристап содржан во програмата за работа, менаџерските способности и резултатите постигнати во периодот додека ја извршуваше функцијата в.д. претседателка.

На денешната седница Советот ги усвои и записниците од 542. и 546. седница, одлучуваше по барања за надомест на трошоци поврзани со вршењето на судиската функција за судии делегирани во други судови, а избра и разреши повеќе судии поротници.

Под точката Разно, Судскиот совет ја избра Арлинда Кадри-Шахиновиќ за нов член на комисијата за избор на претседател на Управниот суд, на местото на Павлина Црвенковска, на која ѝ престана мандатот како член на Советот, а други членови на комисијата се Ивица Николовски и Исамедин Лимани.

Седницата продолжи со формирање комисии на известители по барања за утврдување одговорност на судија, односно претседател на суд, каде што јавноста е исклучена.