Реклама

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Поддршка од ЕБОР за мали и средни компании кои сакаат да котираат на берза

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Годишната инфлација во јуни меѓу најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава

Завршена е реконструкцијата на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Македонија

Македонскиот КИЦ во Загреб ја заокружи концертната сезона со маестрален концерт на Дуото Бадивуку-Кастратовиќ

Со концерт посветен на 150-годишнината од раѓањето на големиот шпански композитор Мануел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со концерт посветен на 150-годишнината од раѓањето на големиот шпански композитор Мануел де Фаља, македонскиот КИЦ во Загреб свечено ја заокружи својата концертна сезона.

Бројната публика уживаше во извонредната изведба на Дуото Бадивуку-Кастратовиќ, составено од истакнатите македонски уметници Сихана Бадивуку (виолина) и Маја Кастратовиќ (пијано), кои со својата виртуозност, префинета музикалност и исклучителна сценска комуникација приредија концерт за паметење. Нивните интерпретации беа наградени со долг и срдечен аплауз, а публиката во преполната сала со воодушевување ја следеше секоја композиција, создавајќи атмосфера исполнета со емоции и искрена почит кон врвната музичка уметност, информираат од КИЦ Загреб.

Покрај ремек-делата на Мануел де Фаља и неговите шпански современици, пред загрепската публика беа изведени и композиции од македонскиот композитор Тома Манчев. Со тоа, македонскиот КИЦ во Загреб уште еднаш ја потврди својата заложба, да го промовира и македонското музичко творештво, создавајќи вистински културен дијалог меѓу шпанската, македонската и европската музичка традиција.

Реклама

Во своето поздравно обраќање директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска истакна дека за македонскиот КИЦ во Загреб претставува особена чест и привилегија концертната сезона да ја заокружи со настап на две исклучителни македонски уметници – Сихана Бадивуку и Маја Кастратовиќ.

– Нивните богати меѓународни кариери, врвниот професионализам и долгогодишната посветеност на музичката уметност се вистински пример за највисоките вредности на македонската култура. Дуото Бадивуку-Кастратовиќ успешно соработува од 1994 година и повеќе од три децении со своите настапи остава силен печат на концертните сцени во регионот и пошироко. Со својата уметничка зрелост, беспрекорната техника и исклучителната музичка синергија, двете уметници потврдуваат зошто се вбројуваат меѓу најреномираните македонски музички амбасадори на меѓународната сцена – рече Ѓоргоска Илиевска.

Сихана Бадивуку е истакната македонска музичка уметница со богата меѓународна кариера. Своето образование го стекнала на реномираниот Државен конзерваториум за музика „Петар Илич Чајковски“, најнапред во Киев, а потоа и во Москва, каде што дипломирала и магистрирала во класата на професорот Евгениј Чугаев. Во текот на својата богата кариера настапувала во Италија, Шпанија, Турција, Германија, Русија, Финска, Белгија и во многу други земји. Од 1992 година е професорка на Факултетот за уметности во Приштина, а од 2000 година концерт-мајстор на Косовската филхармонија, додека од 2011 година и на Албанската филхармонија.

Маја Кастратовиќ дипломирала на престижниот Московски државен конзерваториум „Петар Илич Чајковски“, а постдипломските студии ги завршила во Скопје. Како концертна пијанистка настапувала со Оркестарот на Македонската филхармонија и реализирала бројни солистички и камерни концерти во земјата и во странство. Од 2001 година живее и работи во Словенија, каде што предава пијано и корепетиција. Добитничка е на бројни признанија и награди, меѓу кои се издвојува Бернекеровата плакета.

На концертот присуствуваа бројни професионалци од областа на музиката, истакнати претставници на македонските и хрватските институции и организации во Загреб, бројни Македонци кои живеат, работат или се школуваат во Загреб како и македонскиот амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски.

Со оваа инспиративна музичка вечер македонскиот КИЦ во Загреб уште еднаш ја потврди својата улога како значаен промотор на македонската култура во Република Хрватска. Концертот не само што беше достојно заокружување на успешната концертна сезона, туку и силна потврда дека македонската музичка уметност, претставена од врвни уметници и домашни автори, успешно допира до меѓународната публика, отворајќи нови можности за културен дијалог и продлабочување на пријателските врски меѓу Македонија и Хрватска, наведуваат од КИЦ Загреб.