Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Манасиевски: СДСМ, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

СДСМ, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик, а ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати се што ќе побараат, само дијаспората да гласа по електронски пат или по пошта. Македонксата јавност е сведок на целосна политичка конфузија од страна на СДСМ, Левица и ДУИ во однос на новиот Изборен законик, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на портпаролот Валентин Манасиевски.

Не може еден ден да се договараат, а следниот ден да го блокираат истиот закон кој веќе бил договорен. Не може во јавноста да пласираат различни тези, а зад затворени врати да преговараат за сосема други прашања.

Затоа ги повикуваме најпрво да се договорат меѓу себе. Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел на финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на којшто тие би биле прифатливи и конечно, да седнат и да се договорат дури и за моделот за изјаснување на дијаспората. Сето тоа коешто овие опозициски партии ќе го понудат до нас, ние тоа ќе го прифатиме.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ нема проблем да разговара за секое прашање што е важно за унапредување на политичкиот систем, за продолжување на реформите, за европската интеграција на државата и за интересите на сите граѓани. Нашата определба е дијалог, а не блокади.

Изборниот законик не смее да биде жртва на дневнополитички калкулации. Доколку СДСМ, Левица и ДУИ изградат единствен став и покажат искрена волја за договор, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено веднаш да седне на маса и да разговара во интерес на државата и на сите нејзини граѓани.