Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска на маргините на Самитот на НАТО во Анкара, се сретна со Том Берендсен, министер за надворешни работи на Холандија.
Муцунски на Фејсбук објави дека со Брндсен разговарале за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за партнерството во рамки на Алијансата
Тимчо Муцунски е дел од државната делагација предводена претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која учествува на 36. Самит на НАТО во Анкара.

Главни теми на самитот, на кој се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата, се зајакнувањето на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети, реализацијата на одлуките донесени на минатогодишниот Самит во Хаг во однос на потребата за издвојување доволни средства за одбраната, споделувањето на товарот, поддршката за Украина, развојот на одбранбената индустрија, како и актуелните регионални безбедносни предизвици.
