Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

МВР: Вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, едно лице приведено, а со две извршен службен разговор

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно четири…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно четири пријави за семејно насилство во Гостивар, Тетово, Кисела Вода и Кавадарци, при што приведено е едно лице, а со две е извршен службен разговор. 

Во ОВР Гостивар вчера во 21:00 часот, 28-годишна жена од село во гостиварско пријави дека нејзиниот сопруг Ф.А. околу 18:45 часот во нивниот дом физички и со тврд предмет ги нападнал неа и нивниот 10-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Тетово, вчера во 18:50 часот,  28-годишен маж од село во гостиварско пријавил дека околу 06:00 часот бил физички нападнат од страна на неговата баба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Реклама

Во Полициската станица Кисела Вода денеска полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со Ј.А. (39) од скопско и В.П.(36) од Скопје, по претходна пријава дека вчера во домот во скопско, физички го нападнале 68-годишниот татко на Ј.А.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Во Кавадарци вчера во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода 38-годишната З.С. од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 38-годишен сопруг. Таа била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.