Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Етичкиот кодекс за однесување на пратениците промовиран во Собранието 

Почеток на воспоставување нов стандард во парламентарниот живот, а не завршување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почеток на воспоставување нов стандард во парламентарниот живот, а не завршување на еден процес е усвојувањето на Кодексот за етичко однесување на пратениците – рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, на промоцијата на документот кој претходно беше донесен од пратениците.

Пред пратениците и претставници на меѓународната заедница Гаши истакна дека долговечноста на демократијата ја гарантираат меѓусебната почит, одговорноста и свеста дека пратеничкиот мандат не е привилегија, туку доверба што ја даваат граѓаните. Порача дека Кодексот не смее да остане архивски материјал, туку да се прифати како заедничка обврска.

– Овој Кодекс, пред сè, претставува морален договор што пратениците го склучуваат меѓу себе и со граѓаните што ги претставуваат. Јавниот интерес секогаш да биде над личниот интерес; политичката дебата да се води врз основа на аргументи, а не на навреди; политичките разлики да не се претвораат во лични непријателства; а достоинството на Собранието секојдневно да се штити со одговорност и посветеност. Како претседател на Собранието и како предлагач, усвојувањето на овој Кодекс го сметам за една од најзначајните заложби на овој мандат. Не затоа што има цел да го реши секој проблем, туку затоа што верувам дека секоја трајна промена почнува со одлуката да се промениме самите себе во културата на дејствување и во комуникацијата – нагласи Гаши задоволен што документот не произлегол како наметнато решение, туку како резултат на дијалог. 

Реклама

Како што рече, тој е плод на долг процес на консултации, дискусии и подготвеност за меѓусебно сослушување, изработен преку инклузивен пристап, со учество на сите пратенички групи и усвоен со консензус, што, според него,  му дава на Кодексот посебен легитимитет и тежина.

Додаде дека овој процес покажал дека е можно да се изгради меѓусебно разбирање кога станува збор за достоинството на институцијата и интересот на државата и ги повика пратениците Кодексот да го сфатат како постојана институционална, политичка и морална одговорност. 

Гаши им се заблагодари на меѓународните партнери вклучени во процесот – Швајцарската програма за парламентарна поддршка, Амбасадата на Швајцарија, Националниот демократски институт – НДИ и ОБСЕ, чија поддршка, експертиза и олеснување на дијалогот, како што рече, „претставуваа драгоцен и суштински придонес овој процес да се одвива во согласност со најдобрите демократски стандарди и практики“. Гаши ѝ се заблагодари и на Службата на Собранието, која, како што рече, со својот професионален ангажман и посветеност значајно придонесе во секоја фаза од процесот на подготовка на Кодексот.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, во обраќањето истакна дека Кодексот не само што им дава на пратениците практична алатка за справување со етички прашања од реалниот живот туку означува и конкретен чекор кон потранспарентна, одговорна и доверлива парламентарна работа во државата. 

– Интегритетот се гради преку секојдневните избори на оние на кои им се доверени јавните функции – истакна Кил.

Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на „НДИ Македонија“ и лидер на тимот на Швајцарската програма за парламентарна поддршка (ПСП), истакна дека Швајцарската програма за парламентарна поддршка обезбедувала континуирана поддршка на Собранието во текот на сложениот процес на изготвување и финализирање на оваа регулатива за интегритет од 2019 година.

– Ова е една од многуте области во која Швајцарија застана покрај Собранието како стабилен и сигурен партнер во демократските реформи – рече Хејзлет.

Претставничката на Одделот за демократско управување и родова еднаквост при ОДИХР, Ајла ван Хеел Мердановиќ, ја истакна важноста на парламентарниот интегритет како алатка за зајакнување на довербата на граѓаните во етиката на парламентарното одлучување.

– Заедничка цел е да го поддржиме процесот на унапредување на парламентарната етика. Драго ни е што денес го гледаме резултатот од повеќемесечната меѓупартиска соработка. За поздрав е и вклучувањето на родовите перспективи во Кодексот – истакна Мердановиќ. 

Пратеникот Миле Лефков на промоцијата посочи дека се работи за важен документ за враќање на довербата во Собранието и дека со него се покажува дека Собранието знае да ја прифати меѓународната експертиза.