Ова се наведува во најновите проекции на ММФ, кои со просечен раст од 3 проценти, земјава ја ставаат на седмото место на континентот. За истиот период, 2027 – 2031, проекцијата за еврозоната е само 1.2%. Малта е на првата позиција според предвидениот раст, а во првата десетка предничат земјите од Западен Балкан.
Според прогнозата на ММФ, која ја пренесува „Јуроњуз“, се очекува високиот јавен долг, стареењето на населението, слабата продуктивност, долготрајните трошоци за енергија и постојаната геополитичка неизвесност да го одржат растот на водечките земји во Европа далеку под историските норми.
