Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Еврокомесарката Кос: Покажавте силни перформанси за реформската агенда, доаѓам во Скопјe за да охрабрам прогрес и во преговорите за пристапување

Покажавте силни перформанси во рамките на реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покажавте силни перформанси во рамките на реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото тоа и во пристапните преговори затоа што сега имаме можност која се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето – вели во интервју еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика непосредно пред нејзината утрешна посета на Скопје.

– Македонија покажа дека може да испорача резултати кога има политичка волја. Ова јасно го гледаме во нејзините силни перформанси во рамките на реформската агенда. Ќе дојдам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото тоа и во преговорите за пристапување. Сега имаме можност која се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето. Ова доаѓа со јасни избори. Оние што ги исполнуваат своите обврски напредуваат. Ова го гледаме најјасно во Црна Гора и Албанија. Оние што не ги исполнуваат своите обврски, заостануваат. Во моменти на забрзување застојот значи фактичко назадување – вели еврокомесарката Кос на прашањето дали има предвид нова иницијатива за деблокада на македонската евроинтеграција.

Според неа, напредокот во преговорите за пристапување бара клучен елемент: доверба меѓу земјите кандидати и земјите членки.

Реклама

– Според моето искуство, таквата доверба првенствено се гради врз два елемента: исполнување на обврските и ставот на земјите кандидати кон ЕУ и нејзините земји членки. Ова почнува со добрососедски односи. Кога меѓусебната доверба расте, процесот на пристапување станува побезбеден. Убедена сум дека ова би било случај и за Македонија – нагласува Кос.

Таа притоа укажува дека досега нема случај на давање гаранции на земја кандидат дека нема да се појави друг спор за време на пристапниот процес до ратификацијата на договорот за пристапување од последната од 27-те земји членки.

– Вистината е дека ниедна земја кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави друг спор за време на процесот на пристапување сè до моментот кога и последната земја членка ќе го ратификува договорот за пристапување. Ова е начинот на кој функционира проширувањето на ЕУ. Важно е да се прифати оваа реалност – нагласува Кос.

Во коментар на германско-францускиот нон пејпер, кој промовира постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправно членство, таа вели процесот на пристапување бара време, но оти во денешниот свет Европската Унија не може да си дозволи да чека предолго. И, вели, задоволна е од тоа што гледа како европските лидери ја водат оваа дебата, со цел да се изнајдат начини, вели, „да ја доближиме ЕУ до идните граѓани многу порано“. 

– По летото, Комисијата има намера да предложи нови начини на земјите членки да ги доближат земјите кандидатки до ЕУ пред пристапувањето. Но, има една важна точка. Ова ќе бара напредок во преговорите за пристапување. Ова останува приоритет. Без таков напредок, понатамошната постепена интеграција ќе биде ограничена – посочува еврокомесарката Марта Кос во интервју.

Комесарката за проширување Кос ќе пристигне утре во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на планот за раст за Западен Балкан. До денес, посочуваат, земјата добила 142,1 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст по напредокот во спроведувањето на клучните реформи.

За време на посетата на земјата комесарката Кос ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали. Нивните дискусии, се посочува, ќе се фокусираат на напредокот во спроведувањето на агендата за реформи, приоритетите за постепена интеграција во ЕУ и пошироките случувања поврзани со патот на земјата кон ЕУ. Како што наведуваат од Кабинетот на еврокомесарката, предвидено е Кос и премиерот Мицкоски да одржат заедничка прес-конференција. Таа ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, за да разговараат за важноста на конструктивниот политички дијалог и широката меѓупартиска поддршка за реформите поврзани со ЕУ.

Комесарката Кос ќе посети студентски дом во Скопје, реновиран со средства од ЕУ. Таа исто така ќе се сретне со младински организации од земјата за да разговараат за можностите што ги нуди поблиската интеграција со ЕУ на младите луѓе, вклучително и преку програми, како што се „Хоризонт Европа“ и „Еразмус+“. Подоцна во текот на денот, комесарката Кос ќе се сретне со претставници на организациите на граѓанското општество и медиумите за да разговара за спроведувањето на клучните реформи поврзани со ЕУ, особено во областа на владеењето на правото – наведуваат од Кабинетот на еврокомесарката Кос.