Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Младите се врвен приоритет на Владата, образованието добива рекордни инвестиции и поголем буџет за поддршка на младите

Наместо да се пикаат по сокаци и ќошеви на партијата и пуштаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да се пикаат по сокаци и ќошеви на партијата и пуштаат голобради деца со сомнително минато да зборуваат за образованието, доволен податок за тоа што ВМРО-ДПМНЕ има направено за образованието е тоа што по 7 години власт на СДСМ и ДУИ и максимална запоставеност, за прв пат уште во јуни има бесплатни учебници за сите ученици од септември, се вели во партиската реакција.

Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел Буџетот за наука од 380 милиони денари во 2024 го зголемивме на 773 милиони денари во 2026.

Буџетот за високото образование во 2022 беше помалку од 3 милијарди денари, во 2026 за универзитетите има 8 милијарди денари.

Реклама

Стручното образование е унапредено, а дуалното системски уредено и регулирано со закон. Вклучени се 1000 компании во практична подготовка на учениците и отворени се 7 регионални центри за стручно образование и обука, а наскоро ќе се отвори и осмиот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ драстично ја зголеми поддршката за учениците со посебни образовни потреби, ангажирајќи 1350 образовни асистенти во основното и за прв пат 150 во средното образование.

За да ги поддржиме младите кои сакаат да одат по патот на науката, и да ги задржиме тука, ги изменивме условите за стипендирање на студии на најдобрите 100 светски универзитети.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, затоа што тие се иднината на Македонија. Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома.

Ги подобривме условите за образование и воспитание. Вложени се 70 милиони евра во образовната инфраструктура, по 35 милиони одвоија МОН и Владата за над 90 инфраструктурни проекти.

Тоа што Македонија забрзува СДСМ, ДУИ и Левица ги прави несреќни, но тоа е концепт кој го подржуваат граѓаните и се додека е така Македонија ќе оди напред.