Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

Енормни трошоци за минимален одзив –традиционалниот модел на гласање во дијаспората не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Енормни трошоци за минимален одзив –традиционалниот модел на гласање во дијаспората не ја исполнува својата цел. Слаб одзив, комплицирана логистичка операција, големи трошоци. Репер за тоа дека сегашниот систем е нефункционален се последните претседателски избори во 2024 година. Тогаш гласањето на Македонците во светот чинело повеќе отколку печатењето на сите ливчињата во Македонија. Па така, огромни пари се дадени за транспортот и сместувањето на набљудувачи на 31 дестинација по светот.

  • „Вредносно најголем склучен договор за изборите 2024 година е за ‘транспорт и сместување на членови на изборните органи (ИО) во дипломатско конзуларните претставништва (ДКП) за избори’, во вредност од 50 милиони денари (813 илјади евра).“ стои во Истражување на Центарот за граѓански комуникации.

Толку пари, мал одзив. На изборите имало пријавени 2569, а гласале само 652. Клако пример, во Париз за гласање биле пријавени 44 македонски државјани, а на гласачките места се појавиле само 11. Во Пекинг за гласање се пријавени само 12 македонски државјани, а правото на глас го искористиле 9, во Вашингтон 14 од пријавени 34, а во германската престолнина гласале 118 од 260 кои се пријавиле.

Ваквиот слаб одзив се должи на голема одалеченост од дипломатско-конзуларните претставништва посебно во големите земји како САД, Канада и австралија, каде има голем број на иселениците. Некои од нив требало да патуваат најмалку 400 километри, се гласало во работен ден во повеќето држави и ред други причини. Кога би се вовело електронско гласање, кое уште пред четири години го побарале македонските иселеници, нудејќи се тие да го покријат трошокот за воспоставување таков систем, сите овие проблеми би биле надминати.

Реклама
  • „Знаејќи колку државата инвестирала во минатото за да испраќа свои службеници во дијаспората, односно каде што имаме заедници на иселениците, сепак мислиме дека ова ќе биде некој симболичен трошок кој што едноставно ќе заштеди во сите години кои доаѓаат или инвестираните пари кои се давале во минатото“ вели за Алфа, Гордан Јорданов – Директор на ОМД за Македонија и Европа..

Јорданов од Обединета македонска дијаспора велат дека со можноста граѓаните да гласаат од местото каде што живеат, без дополнителни патувања и административни пречки, несомнено ќе придонесе за поголема излезност на дијаспората.

  • „Ваков механизам дефинативно ќе ни помогне не само да ги консолидираме нашите државјани кои што се надвор од Македонија, туку и едноставно да се покаже волјата и расположението на самите власти во Македонија дека ваков тиш на конекција или поврзување со нашите иселеници е најголемата придобивка“ вели за Алфа, Гордан Јорданов – Директор на ОМД за Македонија и Европа.

Прашањето за онлајн гласање дијаспората го наметнало уште по спроведувањето на пописот онлајн во 2021 година. Кога македонските граѓани ширум светот се попишаа електронски, зошто не би можело и да гласаат електронски.