Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Доха може да стане најновата дестинација со која авионски ќе се поврзе Скопје

Нова  директна авиолинија Скопје -Доха но и нови инвестиции од Катар, најави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова  директна авиолинија Скопје -Доха но и нови инвестиции од Катар, најави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски по средбата со раководството  на Qatar Airways. Тој ја заврши официјалната посета на Катар при што оствари средби со претставници на две значајни компании „Катар Ервејс“ и „Барзан Холдинг“.

На средбата со раководството на „Катар Ервејз“, една од водечките светски авиокомпании, министерот Муцунски ја претстави инвестициската отвореност на Владата, а се разговараше и за можностите за воспоставување директна авионска линија меѓу Скопје и Доха -соопшти македонското МНР.

Според МНР ова би придонело  за подобра воздушна поврзаност, развој на туризмот, зголемување на трговската размена и поголема мобилност на граѓаните. На средбата со „Барзан Холдинг“ пак  било разговарано за можности за соработка во одбранбената индустрија и безбедносните технологии, но и размена на искуства во развојот и модернизацијата на одбранбените капацитети. „Барзан Холдинг“ е компанија која се знимава со вложување на одбранбените, сигурносните и високотехнолошки системи. Развој на воените и сигурносни технологии, развој на беспилотни системи како дронови и беспилотни копнени возила, системи за заштита на критична инфраструктура, командно-контролни и софтверски системи за  војска – се само дел од она што го работи оваа голема компанија која, е меѓу водечките светски.

Реклама

Посетата на Министерот Муцунски е дел од неговите активности за привлекување на странски инвестиции со цел продлабочувње на економската и трговската соработка меѓу двете земји.

Инаку досега се воведени повеќе од 25 нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, со што граѓаните добија директни врски до повеќе европски дестинации. Меѓу нив се летовите до Париз, Барселона, Лион, Бари, Неапол, Палермо, Прага, Келн, Амстердам и Виена, како и повеќе туристички и чартер дестинации.