Предвремената отплата на евробврзницата од 700 милиони евра која е од времето на претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ и додавањето дополнителни средства во изградба на инфраструктурните објекти, Македонија ја оставаат во делот на среднозадолжените земји со финансиска и макроекономска стабилност, велат експертите. Со овие потези на предвремена отплата на долгови, Владата дава дополнителна надеж за раст на економијата и правилно менаџирање со државните пари.
„Ова е позитивен сигнал за тоа што со ова Македонија го одржува кредитниот рејтинг како ББ+ што е доста умерено стабиле рејтинг, и покажува истот ака фискална стабилност а покажува и дека може да ги сервисира долговите и со ова исто така ќе можат понатаму и другите буџдетски трошења полесно да се распределат за нови инвестиции“, вели Дарко Симуновски, фонд менаџер во „Лимитлес фонд менаџмент“.
Експертите велат дека Македонија дава сигнали и на стабилна држава за финансиските инвеститори и донатори, со што Македонија може да се надева на зголемени странски инвестиции. Парите вложени во новите патишта, но и во дигитализацијата ја отвораат можноста за иден дополнителен раст на БДП, кој според нив би требало да покаже и раст на платите во приватниот сектор,

Во овој случај инвестирање во капитлани инвестиции во инфраструктура е круцијално за Македонија и е одлична вест и се надевам дека тоа што е најавено ќе се реализира. Затоа што единствен начин за Македонија да продолжи кон прогрес и привлекување на нови инвестиции, тоа што одамна го зборував е носење на регулативи соодветни во делот кај дигитализација, додава Симуновски.
Инвеститорите се оптимисти дека Владата ќе продолжи да влече вакви потези за доброто на државата, но и за граѓаните. Само на ваков начин, тие се убедени дека ќе се подбри квалитетот на животот и дополнуваат дека предвидениот ребаланс на буџетот ќе овозможи добра подлога за исполнување на макроекономските цели до крајот на годината.
