Реклама

Мицкоски: вратен долг од претходната Влада во износ од 700 милиони долари

Мицкоски: Опозицијата го бојкотира изборниот законик да не испорачаме 10 од 10 од реформската агенда

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Оперативните мерки – можност за остварување на посакуваните бизнис идеи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Прилози

Мицкоски: вратен долг од претходната Влада во износ од 700 милиони долари

Со домаќинско работење, Владата врати стари долгови и обезбеди раст на македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со домаќинско работење, Владата врати стари долгови и обезбеди раст на македонската економија. За неполни две години вратени и репрограмирани се 4,6 милијарди долари, долг кој во дури во ¾ е направен од владеењето на СДСМ и ДУИ, вели Премиерот Христијан Мицкоски.

-Вратени се 700 милиони евра кои претходната Влада ги зема во 2020 година, вратени се пред време со што се заштедија неколку милиони евра, рече Мицкоски. 

Мицкоски вели дека покрај тоа што враќаат стари доглови, работат и на нови проекти. Според последните податоци, владата и покрај враќањето на старите долгови со засилено темпо работи и на инфраструктурните проекти кои треба да го поддржат растот на економија и да донесат бенифит на долг род.

Реклама

Кога се работи домаќински се санираат штетните последици од едно време, кое што не би сакал никогаш да се повтори, ниту кај граѓаните ниту кај државата, а ние ќе продолжиме да функционираме на тој начин. Ако го споредите периодот СДСМ- ДУИ имаме раст на БДП од 1,8%, во овие седум квартали ВМРО ДПМНЕ која ја предводи се 3,5. Ќе требе време да се почуствува но сега се гледа насекаде она што се работи во овие две години, дополни Премиерот.

Утре во Владата се потпишува договорот со кој формално ќе почне да течат роковите за изградба на автопатот од Скопје до Блаце. За овој инфраструктурен проект носител ќе биде Гранит, со што по подолго време македонска компанија се наоѓа како главен изведувач во конзорциум. Парите се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а автопатот треба да биде готов во 2028 година. Ова е само продолжување на низата инфраструктурни проекти кои со засилено темпо се градат последнава година. Автопатот од Кичево до Охрид, регионалниот пат од Прилеп – Битола, изградба на железничката линија кон Бугарија. На почетокот од следната година ќе треба да почне и со градба на брзата пруга кон Грција, откако се чека мислење од инспекцијата на проектот за изградба на пругата. Ова се само дел од капиталните инвестиции кои треба да бидат завршени или да се при крај до крајот на мандатот на оваа Влада. За реализација на сите проекти годинава на располагање во буџетот ќе се предвидат рекордни 746 милиони евра.