Реклама

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Михалис Рокас со пофалби за реформите: ЕУ гледа голем напредок во реформската агенда на Македонија

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус

Македонија

Милошоски: Позитивната оценка од Европската комисија е потврда за успешните реформи

Денеска сакаме да ја потенцираме важноста на месец јули и за Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска сакаме да ја потенцираме важноста на месец јули и за Македонија, но и за проценките коишто Европската комисија ги прави за сите земји кандидати. Нашите информации говорат дека проценката на Европската комисија за Македонија е позитивна заедно со Албанија и Црна Гора, додека другите земји кандидати од регионот имаат назадување споредено со Реформската агенда, односно Планот за раст утврден од Европската комисија, изјави денеска на прес-конференција,  пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, стои во партиското соопштението.

Оваа потврда на Европската комисија дека Македонија ги спроведува реформите од Реформската агенда е голем мотив да продолжиме и да го забрзаме овој пат. Но исто така оваа потврда е демант на спиновите коишто ги шири Венко Филипче дека Македонија не исполнува реформски цели.

Оттука би сакале да апелираме до претседателот на СДСМ, Филипче барем овој месец јули да биде попрагматичен и да ги стави интересите на државата на прво место и да најде начин како да ги уважи и интересите на македонските граѓани во дијаспората и Реформската агенда којашто заеднички е утврдена од многу политички актери и да се усвои Изборниот законик, бидејќи Изборниот законик е дел од Реформската агенда, а она што досега го имаме договорено во работната група во Министерството за правда е резултат на еден широк прагматичен консензус каде што никој не наметнувал било какво решение, напротив, сме стигнале до заеднички јазик согласно одредени стандарди предвидени од ОБСЕ и ОДИХР.

Реклама

Исто така ја поздравуваме заложбата на Европската комисија, исполнувањето на реформските цели да биде поврзано и со алокацијата или распределбата на средства за одредени земји кандидати.

Во тој контекст очекуваме во текот на месец јули или крајот на месец јули да имаме веќе и предлог за дел од средствата коишто припаѓаат на земји кандидати коишто заостануваат со реформските агенди, да бидат прераспределени кон земји коишто предничат во исполнувањето на реформскиот план, а тоа се Македонија, Албанија и Црна Гора.

И на крајот би сакале да се заблагодариме и на делегацијата на Европската комисија во Скопје и на амбасадорот Рокас и на неговиот тим, којшто на дневна основа во соработка со сите министерства и надлежни институции, даваат добри совети и препораки како Реформската агенда заеднички да ја движиме напред и со тоа да ја задржиме оваа позиција на земја фронтранер во Западниот Балкан по однос на перцепцијата на Европската комисија.