Реклама

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Михалис Рокас со пофалби за реформите: ЕУ гледа голем напредок во реформската агенда на Македонија

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус

Нова економска реалност: Одржливоста станува клуч за економскиот развој

3 до 4 пати е поголем растот на платите споредено со времето на минатата власт

Мицкоски и Николоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на над 1200 локации

Економија

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

Маркетите под лупа, инспекторите утврдиле дека некои од нив си ја зголемиле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Маркетите под лупа, инспекторите утврдиле дека некои од нив си ја зголемиле маржата за два до пет проценти во споредба со лани. Ваквото однесување нема да се толерира. Веднаш ќе бидат повикани на состанок во Владата.

„Да, да бидам конкретен со пример – ако минатата година во јуни месец бруто-маржата била 10 отсто, сега е 12 или 15 проценти. Тоа се тие дополнителни 2 до 5 проценти и тоа ние нема да го толерираме и многу јасна порака ќе испратиме. Кога би се намалиле тие 2 до 5 отсто, тогаш практично, ние би биле земја со најниска инфлација во Европа, во овој момент, иако очекувам стабилизирање на инфлацијата во јуни месец, многу помала вредност во споредба со мај и со април“, изјави Мицкоски.

Во меѓувреме продолжува анализата на цените на 600 до 700 производи кои што ги добиваат од Државниот пазарен инспекторат.

Реклама

„Таму ќе ни треба малку повеќе време, бидејќи се влезни-излезни фактори, маржа која што ја имаат дистрибутерите и производителите, визави бруто-маржата, која што ја имаат ланците маркети. Малку е посложена анализата, лично јас ја работам, така што можеби ќе ни треба малку повеќе време“, подвлече премиерот Мицкоски.

По средбата со трговците, следната недела Владата се среќава со дистрибутерите.

„Сѐ уште има простор стапката на инфлација, која е најниска на Балканот и малку е зголемена заради воениот конфликт, да оди надолу доколку сето тоа добро се изменаџира, бидејќи веќе во наредната недела има најава за состанок со увозниците и дистрибутерите, барем на оние основни прехранбени производи кои што се дистрибуираат во маркетите, а се потребни за едно просечно македонско семејство“, рече Марјан Ристески, зам. министер за економија и труд.

Во рамките на подобрувањето на животниот стандард во земјава се и мерките од Оперативниот план, кои наидуваат на одличен прием кај граѓаните, особено мерката за самовработување на лица до 29 години, а чиј јавен оглас завршува денеска. Споредено со лани, бројот на апликантите годинава е зголемен.