Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Владината реконструкција во завршни преговори, викендов финален договор за министерските рокади

Коалициските партнери се уште не постигнале договор за реконструкцијата во Владата, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коалициските партнери се уште не постигнале договор за реконструкцијата во Владата, а од неофицијални извори се дознава дека преговорите на релација ВМРО-ДПМНЕ – ВРЕДИ и ЗНАМ ќе продолжат со несмален интензитет во текот на викендот. Доколку се постигне договор, тогаш може да се очекува и формален предлог за новиот изглед на владиниот состав од страна на премиерот Христијан Мицкоски до Собранието.

Претседателот на законодавниот дом Африм Гаши, потврди дека до него не пристигнал никаков допис од премиерот, навестувајќи дека согласно законската регулатива, доколку во реконструкцијата бидат сменети шест или повеќе министри,  тогаш ќе следува гласање за нова Влада.

Реклама

„Што се однесува до реконструкција на Владата и новите министри зависи од тоа каков ќе биде тој предлог, а потоа предлогот ќе биде испратен до пратениците и ставен во процедура согласно деловникот“, изјави Гаши.

Во моментов се шпекулира дека 7 или 8 министерски позиции ќе бидат реконструирани. Неофицијално се прави евалуација на сите министри, а не само на одредени имиња кои се споменуваат во јавноста.

Според шпекулациите со новата реконструкција ВМРО-ДПМНЕ ќе ги земе ресорите Здравство и Социјална работа и демографија, како и Евроинтеграции, а ВРЕДИ во замена ги зема Правда, Култура, Спорт и Односи меѓу заедниците. Иако за ресорот Правда според партиски извори се уште не биле дефинитивно расчистени дилемите кој да го раководи ова министерство. Освен овие рокади, вицепремиерското место за добро владеење што се испразни по оставката на Арбен Фетаи, веројатно ќе премине во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.

Срѓан Ивановиќ