Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Семејното насилство зад затворени врати, психолозите предупредуваат: Препознајте ги знаците навреме

Насилен, доминантен, љубоморен и несигурен. Ова е прифилот на еден насилник. Секој кој ќе  ги препознае овие карактеристики на една личност треба навреме да се заштити и да прекине секаков однос. Ова го посочуваат психолозите кога станува збор за секаков вид на насилство. -Главно анксиозно и депресивно растројство, намалена самодоверба кај жртвите. Чувство на вина […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Насилен, доминантен, љубоморен и несигурен. Ова е прифилот на еден насилник. Секој кој ќе  ги препознае овие карактеристики на една личност треба навреме да се заштити и да прекине секаков однос. Ова го посочуваат психолозите кога станува збор за секаков вид на насилство.

-Главно анксиозно и депресивно растројство, намалена самодоверба кај жртвите. Чувство на вина и на срам за тоа што се случува. Многу често жртвите чувствуваат и вина зошто се наоѓаат тие во таа ситуација–истакна психологот Фики Гаспар

Сето ова според психолозите бара долготраен третман за да се надминат психолошките проблеми а особено кај децата.

Реклама

-Ефектот кај децата доколку се дел од тоа семејно насилство или гледаат такво однесување и таква ситуација исто е многу негативна, негативни последици, со тоа што најчесто знаат да се затворат да се изолираат, го намалуваат социјалниот контекст и со другарќињата и со останатите возрасни–истакна психологот Фики Гаспар

Најчесто насилниците се од машки пол а  жртвите се плашат да пријават заради финансиската зависност од партнерот. Додаваат дека е многу важно навреме да се препознае семејното насилство и да се побара помош од соодветните институции.

Само викендов се пријавени седум случаи на семејно насилство  и закани.

По трагичниот настан во скопско Тафталиџе кога  Ивана заедно со својата ќерка се фрли од тераса а  нејзиниот сопруг Стојанче доби 12 години затвор за поттикнување на самоубиство,  се почести се апелите на надлежните интитуции да не се молчи за насилството. МинистеротТошковски најави законски измени со цел поефикасно институционално постапување и побрза заштита на жртвите  а Граѓанскиот суд воведе 24-часовно дежурство за итно изрекување мерки за заштита на жртвите.