Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Регионалната соработка и Коридорот 10 во фокус на средбата Николоски – Софрониевиќ

Унапредувањето на регионалната соработка, со посебен акцент на реализацијата на заедничките инфраструктурни проекти, кои ќе придонесат за забрзан економски раст, подобра поврзаност и зголемена конкурентност на регионот, беа во фокусот на денешната средба помеѓу заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, со министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на Република Србија, Александра Софрониевиќ, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унапредувањето на регионалната соработка, со посебен акцент на реализацијата на заедничките инфраструктурни проекти, кои ќе придонесат за забрзан економски раст, подобра поврзаност и зголемена конкурентност на регионот, беа во фокусот на денешната средба помеѓу заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, со министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на Република Србија, Александра Софрониевиќ, во рамките на министерскиот самит на земјите од Западен Балкан.

Како што соопштуваат од Министерството за транспорт, на средбата особено внимание било посветено на изградбата на брзата железничка пруга на Коридорот 10, при што било истакнато дека станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни проекти за развојот на регионот.

– Вицепремиерот нагласи дека Македонија интензивно работи на реализацијата на овој проект, кој ќе овозможи побрз, побезбеден и поефикасен железнички транспорт – стои во соопштението.

Реклама

Дополнуваат дека на средбата се разговарало и за проектот за изградба на заедничката гранична железничка станица Табановце, која ќе овозможи побрз и поефикасен транспорт на стоки и патници.

– Николоски информира дека е избран изведувач и дека изградбата на станицата ќе почне многу бргу – дополнуваат од таму.

Соговорниците размениле мислења и за унапредување на трговската и економската соработка меѓу двете земји, како и за натамошно подобрување на ефикасноста на транспортните коридори.

– Во таа насока беше разговарано за воспоставувањето и проширувањето на системот на зелени ленти на граничните премини, со цел забрзување на протокот на стоки и намалување на времето на чекање – велат од Министерството за транспорт.

Во фокусот на разговорите било и енергетското поврзување меѓу двете држави, при што вицепремиерот истакнал дека е во тек тендерската постапка за изградба на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект што ќе придонесе за поголема енергетска сигурност, диверзификација на изворите на снабдување и поконкурентни цени на природниот гас.