Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Николоски од Солун: Коридорот 10 ќе го градат сите земји на кои им припаѓа и ќе стане економски најзначаен во Европа

Почнуваме со изградба на брзата пруга на македонскиот дел од Коридорот 10 – проект што ќе ја промени реалноста во регионот и за превоз на патници и стока – рече заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што се одржува денеска […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнуваме со изградба на брзата пруга на македонскиот дел од Коридорот 10 – проект што ќе ја промени реалноста во регионот и за превоз на патници и стока – рече заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што се одржува денеска во Солун. 

Николоски, во дискусијата на панелот „Остварување на проширувањето на ТЕН-Т: Приоритети на инфраструктурата и инвестициски предизвици во Западен Балкан“, потенцира дека Коридорот 10 е најважниот економски коридор во Европа. Самитот, оцени, е порака дека Коридорот 10 ќе го градат сите земји на кои им припаѓа и ќе стане економски најзначаен во Европа.

– Ја поврзува Европа целосно од пристаништето Пиреј во Атина, па сè до Хелсинки во Финска, а ако го користиме паметно, можеме целосно да ја промениме економијата во Југоисточна и Централна Европа. Ако бродовите се закотват овде во Солун или во пристаништето Пиреј во Атина, тоа е за 21 до 22 дена пократко отколку закотвувањето во Хамбург, Антверпен или каде било во северните пристаништа. Единствената причина зошто ова не се случува толку многу и толку често е затоа што е потребна поддршка, особено за железничката инфраструктура. И тука почетокот е добар. Веќе има брза железница меѓу Атина и Солун. Белград – Будимпешта е веќе завршена. Нашите колеги од Србија работат на делницата Белград – Ниш. Она што недостига е делот меѓу Ниш, Скопје и Солун. Од наша страна почнавме многу амбициозна програма – изградба на брза железница на целиот Коридор 10, од границата со Србија до границата со Грција – рече Николоски.

Реклама

Тоа, потенцира, ќе биде брза железница, за патничкиот сообраќај воозвите ќе се движат со брзина од 160 до 200 километри на час, а за карго или товарен сообраќај со 120 километри на час. Амбицијата е да се заврши за 5 години. Проектот ќе чини најмалку 2 милијарди евра. Финансирањето е обезбедено преку договорот за стратешко партнерство, што го потпишавме со Обединетото Кралство. Условите се многу поволни, што значи дека почнуваме оваа есен и мислам дека за не повеќе од 5 години ќе има брза железница, која ќе можеме да ја користиме за карго, но и за патници – рече Николоски 

Овој проект, нагласи, ќе ја промени целосно реалноста во регионот. Скопје – Солун ќе се патува за 1 час и 25 минути. Буквално, луѓето би можеле да дојдат овде на ручек и да се вратат дома. Скопје – Белград ќе биде 2 и пол часа, така што тоа е целосно, целосно поинаква реалност. И товарен воз од Атина ќе биде во Виена за помалку од 24 часа, а од Солун до Будимпешта за 12 до 14 часа, што е целосна промена на реалноста – рече Николоски.

На отворањето на самитот се обратија европскиот комесар за транспорт и мобилност, Апостолос Цицикостас,  Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, Марк Боуман, потпретседател за политика и партнерство во Европска банка за обнова и развој, Роберт де Грот, потпретседател на Европската инвестициска банка, претставници на приватниот сектор…

Учесниците на самитот дебатираат како да се подобри координацијата на донаторите, да се зајакне подготовката на проекти, да се зголеми учеството на приватниот сектор и да се претворат приоритетите за поврзување во конкретни инвестиции.