Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Мицкоски: Пред помалку од две години како Влада почнавме од нула, а направивме Македонија да биде во топ-5 во Европа по раст на БДП

Поминавме безмалку две години. Покажавме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Во овој краток период направивме Македонија да биде во топ-5 во Европа според растот на БДП како процент од него. Постигнавме историски рекорд, над 1.255 милијарди евра странски директни инвестиции. Работиме на шест нови автопати, зголемивме пензии, градиме студентски домови, за студентите […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поминавме безмалку две години. Покажавме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Во овој краток период направивме Македонија да биде во топ-5 во Европа според растот на БДП како процент од него. Постигнавме историски рекорд, над 1.255 милијарди евра странски директни инвестиции. Работиме на шест нови автопати, зголемивме пензии, градиме студентски домови, за студентите обезбедивме електронски уреди. Сето она што претставуваше проект, а беше заборавено од претходната влада, го реализиравме и го реализираме, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод одбележувањето на 36-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, настан што вчеравечер се одржа во Струмица со мотото „Македонија забрзува, наша обврска“ – се вели во соопштението од партијата.

Мицкоски во своето обраќање пред присутните истакна дека Македонија е меѓу првите пет земји во Европа според растот на БДП, посочи дека се постигнал историски рекорд од 1.255 милијарди евра странски директни инвестиции и најави капитални инфраструктурни проекти и инвестиции во патишта, железници, како и во здравство.

Премиерот Мицкоски најави дека во текот на неделата ќе биде објавен тендерот за физибилити-студија и техничко решение за патот што ги поврзува Радовиш и Струмица.

Реклама

„Она што сакам да го испратам како порака и од овде од Струмица, а кое мислам дека е важно за овој крај, е дека оваа недела ќе биде објавен тендерот за физибилити-студија и техничко решение за патот што ги поврзува Радовиш и Струмица и тоа ќе биде како додадена вредност на она што денеска го направивме, а тоа е  конечното пуштање во употреба на болницата во Струмица, која четири децении, замислете, четири децении не била завршена“, рече Мицкоски и додаде:

„Сакам да се осврнам и на промените што следуваат. Следува реконструкција на Владата. Од утре ќе почнам да работам на оваа тема откако по финиширањето со екипирањето и со промените што се случија во партијата, каде што имаме речиси 30 проценти нови претседатели на комитетите“.